Вести Економија Македонија

Joвановиќ: Берзите вртоглаво паѓаат, што значи дека штетата што ќе ја предизвикаат може да биде многу поголема од самите царини

Вечерва во Топ Тема дебатираат Бранимир Јовановиќ, професор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Висар Адеми, економски аналитичар.

„Ние цело време велевме дека проблем ќе биде во тоа што царините ќе ја намалат глобалната трговија помалку ќе се извезува и увезува, и поради тоа ќе се намали производството, ќе се зголеми невработеноста. Меѓутоа тоа не е главниот проблем во оваа криза. Главниот проблем сега е што берзите вртоглаво паѓаат, што значи дека таа штета што ќе ја предизвикаат може да биде многу поголема од штетата што ќе ја предизвикаат самите царини “ вели Бранислав Јовановиќ.

Проценките на некои економисти се дека може да се предизвика штета на глобалниот БДП односно 1 посто или конкретно околу 1,5 трилион долари на глобалната трговија.

„Ние сме во средина на војна помеѓу Америка и Кина, којашто е во пораст последните 35 години. Нивниот сооднос на трговија е 3,1 на корист на Кина. Во 90-тите години таа глобализација претрпе скок на услуги и на другите индустрии кои се базираат на интелектуална сопственост“ рече Висар Адеми.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел му понуди на Трамп „нула за нула“ царинска шема

Дејан Дејан

Трагедијата во Кочани зема уште една жртва

Дејан Дејан

Таткото на Вања негираше поврзаност со обвинетите, кои не чувствувале вина, ниту се каеле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе