Вести Економија Свет

Пад за 4 отсто на светските цени на нафтата

Светските цени на нафтата денеска се намалија за повеќе од четири отсто, бидејќи пазарите стравуваат дека новите царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја распламтат глобалната трговска војна која ќе го забави економскиот раст и ќе ја ограничи побарувачката на гориво.

Според берзанските податоци, цената на нафтата денеска во 13 часот се намалила за 4,73 отсто на 68,285 долари, а цената на нафтата од типот брент за 4,39 отсто на 71,648 долари за барел.

Пазарите не беа подготвени за ова ниво на царини, бидејќи главно се шпекулираше дека администрацијата на Трамп ќе воведе фиксна царина за сите земји во опсег од 15 до 20 проценти, коментира пазарниот стратег на групацијата ИГ, Јип Јун Ронг.

Според него, цените на нафтата се поврзани со изгледите за глобалниот економски раст, а економските проекции сега се очекува да бидат ревидирани најниско поради царините на Трамп, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Трговците и аналитичарите сега очекуваат поголема нестабилност на цените во блиска иднина, бидејќи некои земји би можеле да возвратат со сопствени царини или преку преговори со Белата куќа да ги намалат американските царини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе