Вести Економија Свет

„Фолксваген“ привремено запира со испораките на автомобили од Мексико и Европа во САД

Концернот „Фолксваген“ (Volkswagen) воведе привремено запирање на железничките испораки на автомобили од Мексико и Европа во САД, а поради новововедените увозни давачки на администрацијата на Доналд Трамп, објави денеска Automotive News повикувајќи сè на службена белешка на компанијата до авто-дилерите.

Трамп вчера објави опширни мерки за увоз на стоки во САД. Воведени се основни тарифи од 10 отсто за целата увезена стока. Тарифата за Европската унија е зголемена на 20 отсто, додека за Мексико и Канада на 25 отсто, а за Кина на 34 отсто.

Според изданието, цените на автомобилите Волксваген во САД можат да скокнат значително. Компанијата има намера во цената на возилата да ги додаде и трошоците за плаќање на 25-процентната давачка. Во САД во фабриката во Тенеси, Волксваген ги произведува електричните кросовери ID.4 и теренските модели Атлас. Моделите како ID. Buzz и Голф се увезуваат од Европа, додека Тигуан, Таос и Џета се испорачуваат од Мексико.

Се истакнува дека германските производители на автомобили се меѓу најнастраданите компании од новите давачки на Трамп за увоз на автомобили. Високата побарувачка за профитабилни кросовери и бавниот премин на потрошувачите во САД кон електрични возила го прават овој пазар многу профитабилен за такви компании како Mercedes-Benz AG и Porsche.

Дел од американските медиуми јавија дека Mercedes-Benz веќе размислува за повлекување од продажба во САД на своите најдостапни модели, се смета дека со новите давачки нивната продажба овде би била економски непрофитабилна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе