Почна рехабилитацијата на дел од повредните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од пред два дена се примаат повредените, а на одделот за физикална терапија подготвени се 50 болнички кревети, каде што ќе се хоспитализираат потешко повредните.
Лекари специјалисти од штипската и кочанската болница се вклучени во рехабилитацијата на повредените, доколку е потребно ќе бидат вклучени и здравствени тимови од други болници. Повредените со хидротерапија, електро процедури и кинези терапија ќе може полесно да закрепнуваат.
Штипското одделение за физикална терапија има базен со термална вода од изворот „Кежовица“, која се смета за една од најлековитите води во Европа.
Се користи за вежби и лекување на пациентите вообичаено со фрактури.
Костадинов апелира пациентите со изгореници да не користат мелеми и креми на своја рака.
Тој посочи и дека медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, претставува строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар.
Несоодветната физиотерапија без медицинска проценка може да доведе до несакани последици по здравјето на пациентите.
Викторија Јованова