Вести Македонија Топ вести

Мерџановски: Најтешкиот повик кој сум го добил во мојот живот

„Една од најтешките трагедии и повик којшто сум го добил во мојата животна кариера како лекар“, рече д-р Игор Мерџановски, директор на Универзитетска клиника за трауматологија.

20 години секојдневно се соочувам со сите предизвици на мојата професија да спасувам човечки животи, но тој повик во 3 часот и неколку минути кобниот 16 март кога разбрав дека има починати и повредени кои се борат за живот, деца најголем број малолетни е најстрашниот повик кој нема никогаш да го заборавам, вели трауматологот д- р Мерџановски.

Се консолидиравме брзо, сиот здравствен систем, полицијата и пожарникарите. Се уште е рано да размислувам за стресот и начинот на соочување со истиот.

Но, нема дилема дека психолошка поддршка ни е е потребна на сите, во координација со стручните тимови на Универзитетската клиника за психијатрија и дел од психолозите.

Дадена е насока да се направат одредени разговори, прегледи како што треба на медицинскиот персонал. Иако ние докторите и медицинскиот персонал не прифаќаме и мислиме дека можеме да се носиме со вакви случувања, трагедии, но мислам дека оваа трагедија ќе остави голем белег кај медицинскиот персонал кој што беше инволвиран во целата оваа трагедија, вели Мерџановски.

Во овој миг најважно е пациентите кои се хоспитализирани во земјава и во странство да бидат добро, па тоа ќе размислуваме за нас, вели Мерџановски.

Деновите  поминуваат, но за нас лекарите е се уште еден ден, ова го повторувам неколку пати. Додека и последниот пациент кој што сме го пратиле на лекување во странство не ни се врати во добра состојба, да се врати жив и здрав и да биде со неговото семејство и во својата родна земја за нас денот се уште трае, истакна директорот на Универзитетска клиника за трауматологија.

Секој се справува индивидуално со трагедијата и не може да не останат траги кај  медицинските лица, додава Мерџановски, но ние мора да бидеме присебни затоа  што најдобриот лек за еден лекар е пациентите да бидат во добра здравствена состојба.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе