Вести Македонија Топ вести

Без лиценца може да останат фирма на Дрин Ахмети и на семејството на Крсто Мукоски

Четиристотини седумдесет и девет фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и надзор може да останат без лиценци од Министерството за транспорт и врски поради неисполнување на условите. Меѓу нив има и фирми со А лиценци за градби од прва категорија, како пруги, патишта, термоцентрали или брани.

Министерот Николоски најави дека списокот ќе биде доставен до другите институции за понатамошно постапување. Овие фирми се предложени за одземање лиценци поради неисполнување на условите за број на вработени, а не за квалитет на градба.

На списокот на фирми кои може да останат без лиценца, кои ги објави Министерството, има и такви кои во изминатите години добиваа милионски тендери за изградба и проектирање на јавни објекти. Меѓу позвучните имиња кои останаа без лиценца е „Тхор индустриес“ на Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Оваа фирма има добиено еден тендер од министерството за одбрана за софтверски пакет за „Help Desk”.

Без лиценца за А изведувач за објекти од прва категорија остана и фирмата „Универзал-Балкан“, која работеше на реконструкцијата на Универзална сала, која се запали. Други објекти на кои работеле се Турскиот театар во Скопје и реконструкцијата на КАРИЛ.

Одземена е лиценцата и на „Виа инжинеринг“ од Вевчани на поранешниот вевчански градоначалник Цветомир Угриноски, роднински поврзан со поранешниот пратеник, Крсто Мукоски. Фирмата „Атриум“ на братот на Крсто Мукоски, исто така, остана без лиценца.

„ИГМ Констракшн“ од Кавадарци на бизнисменот Илија Гечев остана без А лиценца за проектирање на објекти од прва категорија. Без лиценца за проектирање остана и Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2025

Дејан Дејан

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе