Вести Економија Топ вести

Дискотеката ПУЛС не била затворена, била казнета, од август лани работи со блокирана сметка

Дискотеката ПУЛС во која се случи несреќа не била затворена тврдат од УЈП,  биле само казнети. Во дописот од Управата пишува дека во декември диското не било пломбирано од страна на управата, туку  изречена му била казна за сторен прекршок согласно  Законот за регистрирање на готовински плаќања  –  со кој се опфаќа делот на издавање фискални сметки,  но влегува и  исправноста на фискалниот апарат. Тврдат дека пломбирањето е извршено кај друг угостителски објект кај кој  биле направени проверки и по кој е изречена привремена забрана за вршење дејност од 15 дена во јули 2023 година.

Од Управата посочуваат дека обврзникот до сега неколку пати бил со блокирана сметка. Прво во 2022 , а потоа повторно во август 2024 година.

Во рамките на законските надлежности на УЈП, кај должникот обврзник ММММ Кафе ДООЕЛ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се сеуште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати), пишува во дописот од ујп.

Колку вработени има во УЈП во Кочани и дали некогаш даночен инспектор таму низ годините направил било каква контрола во објектот , освен онаа која се споменува во декември 2024 година, конкретно одговор од УЈП нема. Од  таму тврда дека ќе се воздржат од било какви информации во моментов заради сензитивноста на случајот.

Поради сензитивноста на случајот, а во интерес на истрагата за овој трагичен настан, Управата за јавни приходи ќе се воздржи од соопштување на информации, со цел на било каков начин да се спречи влијае на истрагата која е во тек, пишува во дописот.

 

Според, податоците на бизнис мрежа, ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани фирмата која стои на втората лиценца на дискотеката ПУЛС 2023 година ја завршила со минус од 3.000 евра.

Но,  се уште е нејасно како овој објект со блокирана сметка ја вршел оваа дејност и организирал журки со пејачи и музички  групи.

Ирена Чачкова 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе