Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци денеска на социјалните мрежи објави дека го повлекува дресот со бројот 16 што во минатото го носеше Андреј Лазаров, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.




Лазаров, кој имаше само 25 години загина во обид да им помогне на што повеќе луѓе да излезат од опожарената дискотека „Пулс“. Тој во својата фудбалска кариера освен за Тиквеш играше и за Работнички, потоа хрватските клубови Рудеш и Горица, а негов последен клуб беше Шкупи, каде ги мина изминатите шест месеци.