Спорт Фудбал

Жрепка за квалификациите за ЕП во ракомет

Утре од 17 часот во Клуж ќе се одржи жрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство кое е на програмата следната година. Репрезентацијата на Македонија е дел од третиот сад каде се уште Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово.

Статус на носители имаат Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора и Шпанија. Во вториот сад се сместени Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија и Исланд, а во третиот Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија и Белгија.

24-те репрезентации ќе бидат поделени во шест групи по четири, а пласман во завршницата обезбедуваат освојувачите на првите две места како и четири најдбри селекции кои ќе ја освојат третата позиција.

Домаќини на првенството се дури шест земји и тоа Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, а директен пласман имаат уште Норвешка, Данска и Унгарија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе