Вести Свет Топ вести

Трагедија во Кочани иницираше вонредни контроли низ регионот

Трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а повредени се 150, поради непочитување на прописи и стандарди согласно законот за угостителски објекти покрена безбедносни контроли, но и загриженоста кај јавноста во дел од земјите од регинот.

Во Бугарија противпожарната служба покренала дополнителни контроли на речиси 260 локации, повеќето од нив дискотеки, за да се провери дали стандардите за евакуација и заштита од пожар се запазени, но и дека нема запаливи предмети на излезите за евакуација.

„Ваквите инспекции ги вршиме периодично, односно секоја година. Планирано е сега да почнеме со вакви тематски инспекции, со цел овие локации повторно да се проверат“, изјавил Александер Џартов, главниот комесар за протипожарна заштита на Бугарија за Бугарското национално радио.

Во меѓувреме хрватските експерти, пак, ја смируваат јавноста во Хравтска дека таму мали се шансите да се случи несреќа од размери како во Македонија. Според нив, можноста за такво сценарио е сведена на минимум поради честите контроли, наведувајќи дека само лани биле спроведени 3.184 надзори на противпожарната безбедност.

Првиот човек на протипожарната служба на Загреб во изјава за хрватски РТЛ наведува дека мора да се внимава со употреба на пиротехничките средства во затворен простор, наведувајќи дека за тоа во Хрватска дозвола дава полицијата, која кога ги дава дозволите ги разгледува поединечните случаи.

„Без оглед на тоа би сакал некако да ги предупредам луѓето кои се занимаваат со тоа, особено сопствениците на таквите објекти, навистина да се воздражат од пиротехника“, изјави за хрватски РТЛ, Синиша Јембрих, командантот на протипожарната служба на Загреб.

Инспекции на ноќните клубови е најавено и во Република Српска. Таму ќе се организира насочени контроли на спроведувањето на мерките за противпожарна заштита и употребата на пиротехнички средства во угостителските објекти, со акцент на ноќните клубови и дискотеките, беше најавено од МВР на Република Српска.

Трагедијата во Кочани, пак, во други земји го покрена прашањето за степенот на корупцијата која доведува во вакви несреќи, па така германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пак, ја анализира состојбата во македонското правосудство од кое се очекува да донесе правда за настраданите и нивните семејства.

„Северна Македонија има лоши искуства со политички пристрасно судство кое работи во интерес на соодветната влада. На пример, шефицата на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство, која беше многу фалена пред неколку години, подоцна и самата стана предмет на истраги за корупција. Во анкетите само мал процент од испитаниците изразуваат доверба во македонското судство“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“, пак, пишува дека вакви несреќи не се невообичаени во Југоисточна Европа и дека несреќата во Кочани особено потсетува на пожарот во ноќниот клуб во Букурешт во октомври 2015 година, во кој загинаа 64 лица. Според весникот, сите случаи се предизвикани од човечка грешка, непочитување на безбедносните прописи и соучесништво на корумпираните владини регулатори.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството за сите 14 полицајци во истрагата за Кочани побара мерки на претпазливост, притворот укинат и на 7-те од првата група осомничени

Дејан Дејан

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе