Вести Македонија Топ вести

Реџепи: Оперирав колк, на боледување сум, а Гаши свикал седница на комисијата за надзор на АНБ и АР

Собранискиот спикер Африм Гаши за денеска свикал седница на Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, но претседателот Скендер Зејд Реџепи тврди дека е на боледување по операција и дека не е во можност да ја држи истата.

„Разбрав дека има закажано седница и дека мојата комисија ја закажал Гаши по барање на третина пратеници од комисијата и сите се од ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум на боледување околу два месеца по операција на колк и морам да мирувам. Не знам кој ќе ја води седницата, бидејќи и заменик-претседалот Блерим Беџети не е тука. Планирам да ги известам странските амбасади“, рече Скендер Зејд Реџепи во телефонска изјава за Телма.

Комисијата за надзор на тајните служби секогаш ја води како претседател – пратеник од опозицијата. Во актуелниот собраниски состав, претседателското место на оваа надзорна комисија го доби Европскиот фронт, коалиција предводена од ДУИ. Без разлика на тоа, парламентарното мнозинство го има и мнозинството во оваа надзорна комисија. Гаши сега ја назначил пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска да ја води седницата која била свикана по деловничка одредба дека тој има право да свика седница на работно тело во случај работното тело да нема претседател или кога претседателот не свикува седница, а е должен да ја свика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе