Uncategorized Вести Култура

Востановена награда „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Делата на Оливера Николова со емоционалната длабочина и хуманост, со својата автентичност и денес се инспирација за генерации читатели. И токму затоа на 11 март, денот на раѓањето на мајката на сите македонски писателки ја востановивме наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, велат од книгоиздателството „Арс ламина“.

Во време кога книжевноста за деца е притеснета меѓу литературата за деца и возрасни, нашата цел е да го ревитализираме овој жанр да му дадеме простор да расцутува и да стане повторно значаен дел од современата македонска книжевна сцена, рече Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“.

Да се пишува за деца е исклучителен предизвик кој секогаш подразбира искреност и точно се сеќавам на моите почетоци во тој жанр, вели Михајловска Георгиева.

Му кажувам на син ми дека ќе пишувам роман за деца и тој со една реченица ме исфрустрира вели: Ако можеш да пишуваш како Оливера Николова, тогаш ок, ако не тогаш ич не почнувај. И јас и се јавив на Оливера, го кажувам ова и велам се исфрустрирав сега како ќе го почнам и таа се раскикоти како што знаеше да се смее и ми вели блесава една никого не слушај и на никого не мисли и воопшто да не ти е гајле кој што сака од книгата. Пишувај така како што ќе ти дојде, рече Михајловска- Георгиева. 

Мразам патетики и мајка ми ги мразеше и тоа сите кои беа блиски со неа го знаат, но сето ова ме трогна и би сакала да се заблагодарам, рече нејзината ќерка Јана Андреевска

-Мајка ми многу сериозно ја сфаќаше литературата за деца, тоа е едно и друго многу сакаше да открива нови писатели, нови таленти и како што кажа Јагода да пишуваат, да пишуваат и да се неуморни во тоа, рече андреевска.

-Таа секогаш ненаметливо го поучуваше детето, детето што ја читаше нејзината приказна, додаде проф. д-р весна мојскова чепишевска, која беше член на жирито.  

Станува збор за конкурс кој не загрозува ниту еден постоен конкурс, вели Ќорвезироска.

Ова е конкурс за необјавен роман кој што ќе ја збогати продукцијата во Македонија воопшто, а при тоа наградениот роман и романите кои ќе учествуваат на овој конкурс ќе имаат поширока рецепција, додаде Ќорвезироска.  

Воедно право на учество на конкурсот  имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. Наградата е откупна и во вредност од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на “Арс Ламина“

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Зеленски – Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе