Вести Економија Топ вести

Решение преку дијалог – бизнис секторот за висината на минималецот

Постојната законска регулатива за пресметка на минималната плата е добра и балансирана, а заострената реторика меѓу ССМ и Владата не води кон решение, смета бизнис секторот. Бизнис конфедерацијата е на став дека е потребен е дијалог како работодавачите и работниците, односно синдикатите кои би резултирале со договори но и нов модерен начин за пресметка на продуктивноста како основ за повисоки плати.

Конфедерацијата пред извесен период имаше сличен став, како и ССМ околу покачување на минималецот повеќе од законската формула, но во меѓувреме имало неформални разговори со Владата од кои заклучиле дека во моментов нема простор и средства за субвенционирање на социјалните придонеси.

Постоечкото законско решение е добра основа за дијалог меѓу работниците и бизнисот, со или без посредство на Владата кое би резултирало со нови договори, смета професорот Лазар Јовевски.

Минималната плата влијае на продуктивноста сметаат од Бизнис Конфедерацијата и токму затоа мора да се модернизира начинот на следење на продуктивноста на работниците што би довело до повисоки плати и регулирана цена на саатница.

Седницата на Економско социјалниот совет на која треба да се даде зелено светло за покачување на минималецот за 1.800 денари се уште не е закажана а Владата денес треба да ја докомплетира Комисијата која треба да ја потврди репрезентативноста на ССМ, услов за да седне на маса и да преговара.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе