Вести Македонија

Со 15 милиони денари ќе се реконструира и санира црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица

Со 15 милиони денари ќе се реконструира и санира црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица. Станува збор за црква од 19 век, една од најстарите и најзначајните црковни храмови во овој град, која со години се соочува со протекување на покривната конструкција и уништување на внатрешноста на црквата. Реконструкцијата ја најави министерот за култура и туризам, кој беше во посета на повеќе локалитети и институции во градот.

“Денеска со големо задоволство ги најавувам четирите капитални проекти кои ќе започнат годинава во Струмица. Овие проекти не само што ќе ја подобрат инфраструктурата, туку и ќе придонесат за зајакнување на нашето културно наследство и подобрување на животот на граѓаните” – кажа Љутков.

Конзервацијата, реставрацијата и санацијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одвива заедно со Завод и музеј Струмица, а овој месец ќе се распише и јавна набавка за овој проект.

Љутков спомна дека ќе се доврши и изградбата на стариот струмички театар кој следната година би требало да е готов по речиси десет години градба. За реализација на овој објект одвоени се над 196.000.000 денари.

Исто така ќе се работи  проектот за кровна конструкција на термалното лекувалиште Бања Банско. Овој проект е веќе одобрен со поддршка од Европската унија, а за него се предвидени над 25.000.000 денари. Во склоп на проектот ќе биде поставен инфо пункт за туристи.

Ќе се конзервира и санира и покривот на манастирот „Св. Леонтиј” во Водоча. За реализација на проектот, кој е од суштинско значење за историјата на Струмица, ќе бидат одвоени 1.200.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чакулев: Сѐ она што гледаме дека се гради е главно од постари ДУП-ви

Дејан Дејан

Ниту една урбана општина не го исполнува стандардот од 25 метри квадратни зеленило по жител

Дејан Дејан

Злосторства на „Беланоца/Барон“: Пред 5 години, убиле скопјанец за 10 000 евра бидејќи сметале дека убиениот соработувал во истрагата за петкратното убиство кај Смилковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе