Вести Економија Топ вести

Роковите за напуштање на јагленот се нереални, на Европа ѝ треба повеќе време

Од Прага за ТВ Телма

Ирена Чачкова

Сè поизвесно е дека уште долго време дел од европските држави ќе го користат јагленот за да го покријат најголемиот дел од потребите за струја. Иако во агендите и на развиените земји и во македонската има зацртани рокови, кога треба да се искорени, европските познавачи на енергетиката тврдат дека се нереални.

Во Чешка, каде деновиве престојува македонска владина делегација и претставници на ЕСМ и кои имаа можност да видат како работи „Тушимице“, една од термоцентрали таму, рокот да се отстрани јагленот од производство е до 2033 година. Ова е барање на чешката влада, но спорењд надлежните, тешко дека ќе се случи. Во рудникот на „Тушимице“ има јаглен за неколку децении.

Министерката за енергетика, Божиновска вели дека ако тој процес во некои европски држави оди бавно, кај нас ќе биде уште потешко.

Дел од централите во Чешка имале проблем со големото присуство на сулфур во јагленот, па така централата „Тушимице“ поради загадување ќе биде казнета од државата со 15 милиони евра, па за решавање на проблемот инвеститрале 300 милиони евра во модернизација.

Многу држави, меѓу кои и Македонија, имаат интерес да градат и гасни централи. Но, рокот за да се дојде на ред и да се нарачаат гасни турбини во Европа е шест години.

Доказ за тоа дека државите се сè уште зависни од јаглен се и бројките. Во Чешка, речиси, 50 отсто од потребите на струја се покриваат од термоцентралите, кај нас РЕК задоволува околу 70 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Британија ќе го намали бројот на мигранти од Западен Балкан

Дејан Дејан

Руте – Украина е подготвена за преговори, топката е кај Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе