Албанската компанијата „Ѓока констракшн“ преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза. БИРН ја објави потврдата од министерот за здравство, Арбен Таравари.
На огласот од 15 ноември минатата година се јавила само „Ѓока констракшн“, компанијата е формирана во Тирана во 1994 година, којашто од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.
Таа ќе стопанисува со паркингот во следните 20 години.
Претходно 360 степени објави дека „Ѓока констракшн“, се обврзала да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата да добие еден отсто од вкупните остварени годишни приходи.
Според проценката на Министерството за здравство инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над десет милиони евра. Моментно, на Клиничкиот центар има 800 паркинг места, а со двете катни гаражи би се добиле уште 800 до 900.
Инаку компанијата „Ѓока констракшн“ во Албанија веќе работи на изградбата на автопатот кој треба да го поврзе Дебар со Тирана, а покрај со градежништвото, семејството Ѓока има компании поврзани со енергетскиот бизнис.