Вести Македонија Топ вести

Дел од јагнињата во штипско и радовишко останаа непродадени – сточарите тврдат дека годинава работеле колку да преживеат

Дел од јагнињата во штипско и радовишко останаа непродадени. Сточарите тврдат дека годинава работеле колку да преживеат. Во нивните бачила иако е март се уште има јагниња, кои чекаат да се откупат. Велат веќе и пораснале, па откупците и  не сакаат да ги земат.

Цената во кланиците се движи од 220 до 230 денари жива мера, што за нив е неисплатлива, додека кај приватните откупувачи е 300 денари, но доколку ги продадат на нив, во тој случај не им следува субвенции.

Лани јагнињата се продаваа по цена од 300 денари за килограм жива мера, со што годинава речиси за една третина е намалена. Сточарите велат дека макотрпно работат, а исто така е и храната е скапа. Волната никој не им ја зема, а слабо оди и продажбата на сирење.

Ова е причината што низ селата во Плачковичкиот регион во штипско и радовишко од година во година се намалува бројот на овци.Сточарите бараат навремен откуп на јагнињата со цел да продолжат да работат, а цената на жива мера јагне треба да биде најмалку од 300 до 350  денари.

Викторија Јованова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Неисплатени средства ги паркираше автобусите на приватните превозници

Дејан Дејан

(Видео)„Преспа, разбуди се за чиста средина“ акција за чистење на депонијата во Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе