Вести Економија Македонија Топ вести

Од 15 илјади приговори само кај 2200 имале основ за корекција на сметката за струја

Жителите на Арачиново и Сингелиќ  излегуваат на протест поради високите сметки. Протестот ќе се одржи во Бутел во 13 часот.

До електродистрибуција пристигнале 15 илјади поплаки за корекција на фактурите за потрошена електрична енергија за период од два месеци, но основ за корекција односно сторнирање имало само кај  2200 сметки, односно на 15 отсто.

Од електродистрибуција додаваат дека најголем дел од броилата се читаат редовно, додека пак мал процент остануваат непрочитани во текот на месецот затоа што станува збор за затворени мерни уреди или пак се наоѓаат рурални средини кои не се пристапни во текот на целата година.

Од ЕВН тврдат дека бројот на поплаки во однос на претходната година е намален.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе