Скопска Апелација му ја намалила казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години затвор, потврдија од судот Телма. Одлуката ја донеле минатата недела на 27-ми февруари.
Одбраната побарала преиначување на правосилна пресуда без повторување на кривична постапка (согасно член 447 од ЗКП) поради сменети околности кои битно би влијаеле при одмерување на видот и висината на казната, вели за Телма неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Кривичниот суд одговорил негативно на ова барање на Боки13 по што се жалеле пред Апелација која му ја намалила на 5 години затвор.
Променетите околности се медицински, отстранување на витален орган желудник, а приложени биле докази, односно медицинска документација за неможноста Јовановски да се лекува и да добие здравствен третман во затворски услови, објаснува Туфегџиќ.
Јовановски во моментот е на слобода, откако доби прекин на издржување на казната од здравствени причини. Според податоците од одбраната досега има издржано повеќе од 4 години од казната.
Боки 13 е обвинет и во предметот Меѓународен сојуз. Првата пресуда со која доби 9 години затвор апелација лани ја укина, сега има повторно судење во Кривичниот суд.