Кошарка Спорт

Кари шоу во Орландо: Ѕвездата на Голден Стејт броеше до 56 поени (ВИДЕО)

Стеф Кари постигна фантастични 56 поени во победата на Голден Стејт на гостувањето кај Орландо со 115-121 во рамки на НБА-лигата. Ѕвездата на Вориорс постигна дури 12 тројки, а за него тоа беше 26-ти натпревар во кариерата со 10 или повеќе постигнати тројки. Паоло Банкеро најмногу се истакна кај Меџик со 41 поен.

Лос Анџелес лејкерс славеше со 111-102 против Минесота за четврта победа по ред. Леброн Џејмс постигна 33 поени со 17 скока, Остин Ривс имаше 23, а Лука Дончиќ 21 поен со 13 скока.

Милвоки го победи Денвер со 121-112. Јанис Адетокумбо реализираше 28 поени со 19 скока, а кај Нагетс најдобар беше Никола Јокиќ со 32 поени, 14 скока и 10 асистенции, што за него е 27-ми трипл-дабл сезонава на 53 одиграни натпревари.

На останатите натпревари, Њу Орлеанс славеше на гостувањето кај Феникс со 116-124, а Далас го совлада Шарлот со 103-96.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ред Бул го разреши Кристијан Хорнер по 20 години на чело на тимот

Дејан Дејан

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе