Вести Економија Најважни

ЕСМ повторно ќе се задолжува, преговара со домашните банки за кредит од 30 милиони евра

Најголемиот производител на струја ЕСМ, преговара со домашните банкари за нов кредит од 30 милиони евра. Според,  информациите од компанијата наскоро би требало да има финален договор, по што ќе се знае под кои услови, со каква каматна стапка електрани ќе се задолжат. Средствата им се потребни  за покривање на доспеаните обврски и за навремено отпочнување на подготовките за следната грејна сезона.

Потенцијалното задолжување би се реализирало во соработка со Министерството за финансии со користење на инструментот државна гаранција за обезбедување на заемот и постигнување на минимална каматна стапка, а целокупно во согласност со Законот за јавен долг. Ваквото потенцијално задолжување, доколку се ефектуира, би се постапило по истото откако ќе биде комплетиран финансискиот извештај за 2024 година, односно после февруари 2025 година, се вели во дописот од компанијата.

Претходно ЕСМ се задолжи кај неколку домашни банки со кредит од 82 милиони евра. Тогаш, објаснувањето од компанијата беше дека парите се потребни за да се подобри ликвидноста, која извесен период е нарушена и подолго време работат со потешкотии.

Тоа може да се види и од извештаите на Министерството за финансии, во кои ЕСМ е често на листите на должници, а минатата година во трите квартала беше во минус.

Но, Владата одлучи од буџетот да не се субвенционира компанијата. Па, така проблемите ги решаваат со заеми, од кој оној од 80 милиони евра е со повисока камата од унгарскиот кредит кој е достапен само за општините и за стопанството да инвестираат во производство, опрема, па дури и во трговски центри, но не и за ЕСМ кој пак е од стратешко значење за државата.

Со овој,  и претходниот кредит  ЕСМ кон домашните банки ќе има долг од над 100 милиони евра. Но, кај новото раководство владее оптимизам дека компанијата годинава ќе ја заврши со добивка.

ЕСМ некогаш важеше за едно од најпосакуваните места за работа.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе