Вести Македонија Најважни

Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

Во Основниот Кривичен суд Скопје, каде денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше одбиено барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо за изземање на обвинителите во неговиот случај, како и на обвинителот Гаврил Бубевски.

Судијата прифати и да се изведуваат доказите од камерите од домот на Велибор Манев од Велес во периодот на исчезнувањето на Панче Жежовски, кои досега не беа дел од доказната постапка.

Ноќтта пред убиството на Жежовски, на 21-11-2023 обвинетите се се собрале во куќата на Велибор Манев, на снимките се гледаат како доаѓаат, Боре Видевски со свој автомобил, а Љупчо Палевски и Влатко Кешишев со рено кангуто на партијата Десна.

По извесно време обвинетите се гледа од снимката како се организираат за нешто, внесуваат работи во кангуто, Кешишев се прекрстува и за кусо време се упатуваат во правец кон Велес.

На ова регираше адвокатот од одбраната Јовица Страшевски, според кого со ова се прави злоупотреба.

Која е причината за нивно изведување и доцнење, но тие да бидат во нормална постапка?, праша адвокатот. Панче Жежовски првично се водеше за исчезнат, ае додека не беше пронајдено неговото возило цитроен запалено кај Бразда на неколку метри од местото каде била закопана Вања. Жежовски е пронајден закопан кај местото Рудник, на патот помеѓу Велес и Скопје, убиен со пиштол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе