Вести Свет Топ вести

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Српските студенти и поддржувачите на српскиот претседател Александар Вучиќ со паралелни митинзи. И двете страни го одбележаа Денот на државноста на земјата со значително спротивставени пораки.

Протестот предводен од студентите е последен во низата на националното движење против митото и корупцијата во земјата, кое ги одразува зголемените повици за фундаментални политички промени во државата.

Протестите на студентите беа поттикнати откако на ноември се урна бетонска настрешница над железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе.

Митингот во централниот индустриски град Крагуевац привлече десетици илјади луѓе кои, додека бараа правда за несреќата, повикаа на искоренување на неконтролираната корупција и почитување на владеењето на правото.

Го избраа Крагуевац за денешниот митинг поради неговата историја.

Во 1835 година, Србија сè уште била дел од Отоманската империја, а жителите на Крагуевац објавиле нов устав со кој се обидувале да ги ограничат овластувањата на тогашните владетели. Датумот сега се слави како Ден на државноста.

Меѓувреме, во Сремска Митровица, мал град северозападно од Белград, Вучиќ во обид да ги рециклира традиционалните националистичка теми, предупредувајќи дека Западот сака да го собори со сила и дека тоа може да доведе до распад на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе