Вести Македонија

Повеќе од 100 здравствени работници седат дома и чекаат вработување- алармира независниот синдикат на здравство

Се погласни се алармите дека недостасува медицински кадар, но се помалку се работи да се задржи постоечкиот. И по повеќе од 10 години работа, здравствени работници се уште чекаат да бидат вработени. Наместо да бидат со пациентите, повеќе од 100 медицинари седат дома чекаат и се надеваат дека нивните договори ќе бидат продолжени.

„Во Прилеп на пример им е завршен договорот тие вработени останати се дома, околу 120. Кичево исто, Битола, Тетово и Гостивар. Не е хумано ни човечки овие вработени да останат на улица, да останат невработени бидејќи ние ги нарекуваме роботи на 21 век. Работат со минимална плата, без пензиско и здравствено осигурување.Што побрзо, што поскоро да се заврши работата со нив бидејќи трпи превентивната здравствена заштита и имунизацијата, трпат голем број на специјалистички кабинети бидејќи како што знаеме имаме дефицинит на здравствен кадар на медицински кадар во РМ“, вели Боби Бојчевски претсетдател на независен синдикат на здравство.

Министерот Таравари најави дека вработувања ќе има и тоа околу 1800-тини го крајот на годинава. Синдикатот пак, ја поздрави оваа одлука и очекува тоа да се случи во скоро време, иако до сега немаат информации дека некој од договорците во меѓувреме добил вработување.

„Од вкупно 108 јавно-здравствени установи кои подготвуваа нови систематизации, 20 веќе се подготвени и можат веднаш да почнат да ги вработуваат првите 300 специјализанти, останатите ќе чекаат да дојдат новите систематизации од Министерството за администрација. Првите 20 јавно-здравствени установи кои што веќе имаат нова систематизација веднаш може да ги вработуваат“, вели Арбен Таравари министер за здравство (15.02.2025).

Здравството е во хаос, специјализантите чекаат работа, а Таравари тера етнички теми, обвинија од СДСМ.

„Осум месеци поминаа откако Владата на Мицкоски и министерот Таравари ветија дека ќе обезбедат вработувања за специјализантите во здравството. После осум месеци, вработувања на специјализантите нема. Ниту Мицкоски ниту Таравари не го исполнија ветувањето! И специјализантите и граѓаните се жртви на неспособноста на оваа власт“, вели Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Вработување чекаат и околу 600-тини приватни специјализанти. Проблемот за нив министерот го лоцираше во систематизацијата. Иако надлежните првично ветија дека 300 од нив ќе добијат решенија до крајот на 2024-та година, процесот се пролонгира. По најавата на министерот за нови вработувања, тие очекуваат да добијат решенија. Дали и кога тоа ќе се случи очекуваат одговори следната недела.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Крива Паланка ќе бара кривична одговорност за загадувањето на Крива Река

Дејан Дејан

МЖСПП изрече казна од 200 илјади евра поради загадувањето на Крива Река

Дејан Дејан

Земјотресот во Мјанмар со јачина од 7,7 степени – бројот на жртви се идентификува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе