Вести Македонија Топ вести

Според Битиќи замрзнување на маржите од страна на ВМРО-ДПМНЕ е ситуација на „мора да има“ односно „панична реакција“

Според Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии, Владата како сериозен партнер во економско социјалниот совет и како одговорна власт кон граѓаните ги почитува мислењата.

„Главен тригер за преземање на оваа мерка на Владата беа записниците од државниот пазарен инспекторат кои пристигнаа од терен. Преку 700 објекти беа инспектирани во овој период и се виде дека кај голем дел од маржите поголемите големопродажни објекти надминуваа 50 проценти кај малопродажните стигнуваа и до 20 проценти бруто маржите. Тоа беше главен тригер се додека да се формира работната група. Да се види добро како да се имплементира законот за нефертрговски практики и преминавме на оваа мерка која утре на Влада ќе биде донесена и ќе опфаќа околу 100 групи на производи“ вели Јанкуловски заменик минситер за финансии.

Кога мерките се водат од политички, особено популистички мора да имате таков вокабулар“ вели Битиќи.

Мерките кои се носеле во претходната Влада биле чисти и економски мерки, наспроти ова. Битиќи вели дека ова е присилна примена на мерка од страна на ВМРО-ДПМНЕ затоа што е доведена во ситуација на „мора да има“ и би ја нарекол „панична реакција“, која не им иде во прилог одредени состојби во стопанството.

„Како политичар за мене ќе беше лицемерно да ја критикувам власта за нешто што знаеме дека во одреден момент ќе мора да го направи, а потоа кога ќе бидеш на власт истото да го направиш. Ако видите во економски теории, ако видите дека има висока стапка на инфлација морате да посегнете по непопуларни мерки на инфлација. Ние тогаш зборувавме зошто е високата стапка. Единствено меѓу ретките земји е Македонија во која имате ниска стапка на инфлација, зголемување на цени во малопродожба и севкупна десетпати повеќе од стапка на инфлација. Во овој момент имаме стапка на инфлација од 3 посто, а зголемување на цени од 30 посто. Тоа е нелогично однесување на пазарот“ вели Фатмир Битиќи пратеник на СДСМ и поранешен вице-премиер за економски прашања.

Според поранешниот вице-премиер ова е последица на една единствена причина со почетокот и стартот на начинот на функционирање на Владата.

„Кога на министерството за економија ќе им ги земете сите ингеренции и ќе го оставите да биде коморска заедница, да се справува со занаетчии, едноставно да биде разголена институција, ги давате некаде, никој не знае каде, ќе го имате овој исход“ додаде Битиќи.

Гледајте Топ Тема во на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе