Кошарка Спорт

Дончиќ не блескаше на дебито, но Лејкерс лесно победија (ВИДЕО)

Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес лејкерс во НБА-лигата, но беше очигледно дека сè уште не во форма по повредата.

Лејкерс лесно се справија со Јута и славеа со 132-113 за шеста победа по ред во лигата. Сите очи беа вперени кон новата ѕвезда во Лос Анџелес, Лука Дончиќ, кој на своето деби постигна 14 поени, пет скока и четири асистенции за 24 минути игра. Словенецот имаше лош шут, што секако се должи на неговата пауза од речиси два месеци, а реализираше пет пати од 14 обиди од поле и имаше 1/7 за три поени.

Седум играчи на Лејкерс имаа двоцифрен ефект во нападот, Леброн Џејмс беше најефикасен со 24 поени.

Денвер исто така е во одлична форма и ја запиша седмата победа по ред и тоа со 146-117 против Портланд. Никола Јокиќ запиша 40 поени.

Оклахома немаше проблеми против Њу Орлеанс и триумфираше со 137-101, Милвоки на домашен паркет загуби од Голден Стејт со 111-125, а шампионот Бостон славеше на гостувањето во Мајами си 85-103.

Ентони Едвардс постигна 44 поени за Минесота, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Кливленд со 128-107. Победи утринава остварија и Атланта, Сан Антонио, Бруклин и Сакраменто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Оклахома убедлива на првиот натпревар со Минесота во финалето на Западот (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе