Вести Македонија Најважни

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.

Ваквата информација преку објава на својот фејсбук профил ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски изразувајќи го своето убедување дека Судскиот совет е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата.

– На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.

Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните.

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата се вели во објавата на Мицкоски.

На ова денеска реагираше претседателот на Судски совет кој вели дека единствен начин да се разрешат членовите на судски совет е преку Законот за судски совет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе