Судовите и Судскиот совет да го преиспитаат целиот случај со прерано загинатата Фросина, повика министерот за правда Игор Филков. Тој информираше дека судијката Даниела Алексовска – Стојановска која за предметот со кокаин и марихиуана 20 годишниот Васил Јованов го испратила во Поправен дом повеќе нема да биде член во двете работни гурупи за Кривичниот законик.
Ја разрешил за да не се дискредитира процесот за суштински реформи во правосудството.
Министерот ги повика политичките чинители да не го злоупотребуаат овој несреќен случај за дневно политички цели а смета дека правосудниот систем мора да се менува.
Сметам дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда а институциите се должни да ја испорачаат, брзо, правично и транспарентно, изјави филков.
Пред повикот на министерот, утрово претседателот на Судски совет Камбовски рече дека будно ги следат случувањата, но не сакаше да прејудицира кои следни чекори ќе ги преземат. Додека не го види целиот предмет не сака да го коментира одучувањето на судијката, дали преблаго го казнила.
Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам никој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат, рече камбовски.
Државниот обвинител Коцевски денеска ја уверуваше јавноста дека ќе има ефикасна постапка и ќе бараат најстрога казна.
Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично-правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот, рече Коцевски.
Камбовски смета дека е е потебна анализа на казнената политика дали за предизвикувачите на сообраќајќи судиите пресудуваат благи казни, но смета дека не се добри брзи промени во законите.
Ако мислиме дека само со драконски казни ова ќе го решиме, ова нема да се реши. Ние имаме подлабок, поголем проблем. Не е ова проблем само на благи казни, не е ова проблем само на постапување на судовите. Ова е проблем на целово општество и треба сите ние што сме фактори во општеството да размислиме што може да направиме ова да не се повторува во иднина, смета камбовски.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители смета дека е пожелно да има построги казни, а судијката Даниела Алексовска-Стојановска вели дека е професионален судија.
За одговорност на судијата, мислам дека сега не би требало да станува збор, зошто судијата ја познавам лично, навистина е професионална, една од подобрите судии, работи согласно законите. Сепак тоа е одлука на Судскиот совет, кој верувам дека ќе работи согласно законот, рече Ирина Трајкоска Стрезоски, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители.
Васил Јованов под дејство на алкохол, на црвено светло и без возачка дозвола смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. Информациите дека и претходно се судирал со законот но поминувал полесно ја разгневи јавноста која речиси секојдневно протестира и бара правда одговорност и промени
Елена Ивановска Мукоска