Кошарка Спорт

Денвер подобар од Филаделфија, шампионот Бостон славеше во Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Денвер славеше со 134-137 на гостувањето кај Филаделфија во најинтересниот натпревар утринава во НБА-лигата.

Никола Јокиќ одигра клучни напади во финишот и натпреварот го заврши со 28 поени, 13 асистенции и девет скока. Најефикасен во редовите на Нагетс беше Џамал Мареј со 31 поен и 11 асистенции. Кај Сиксерс најдобар беше Тајрис Макси со 42 поени, но ниту неговиот одличен ефект не беше доволен за тимот да ја продолжи победничката серија од четири натпревари.

Џејлен Браун со 28 поени и Џејсон Тејтум со 27 го водеа шампионот Бостон до победа од 116-118 на гостински паркет кај Њу Орлеанс. За Пеликанс ова беше петти пораз во низа, но освен тоа уште во првата четвртина го загубија Дежонте Мареј, кој поради повреда ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Голден Стејт загуби на домашен паркет од Феникс со 105-130, Кејд Канингем постигна 40 поени во победата на Детроит од 117-102 против Далас, Сан Антонио со 144-118 го совлада Милвоки, Чикаго оствари гостински триумф во Торонто од 106-122, а Шарлот пред своите навивачи запиша пораз од ЛА клиперс со 104-112.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Оклахома убедлива на првиот натпревар со Минесота во финалето на Западот (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе