Вести Македонија Најважни

Притвор за 20-годишниот возач кој ја усмрти младата Фросина, немал возачка и пијан поминал на црвено

Судот потврди дека по барање на обвинителството на 20-годишниот возач од Скопје му определил притвор од 30 дена. Возачот е осомничен дека под дејство на алкохол управувал автомобил со кој поминал на црвено на пешачки премин и ја усмртил 22-годишната Фросина Кулакова која преминувала преку булеварот Партизанска, синоќа во Скопје.

Во продолжение соопштение на Обвинителството:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.

Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување притвор.

Почината 22-годишна девојка била млада модна дизајнерка од Неготино

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Дејан Дејан

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Дејан Дејан

Уставниот суд им одговори на независните: Не сме надлежни за предлог- законите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе