Вести Свет Топ вести

Студентска блокада на Автокоманда во Белград – ноќта помина без инциденти, Вучиќ повика на дијалог

Студентите во Србија кои со денови штрајкуваат вчера започнаа 24-часовна блокада на клучна сообраќајна раскрсница во главниот град Белград, засилувајќи го притисокот врз властите поради  уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември, кога загинаа 15 лица.

Српските земјоделци на трактори и илјадници граѓани се приклучија на блокадата што следеше по неколкунеделните протести со барање одговорност за смртоносната несреќа, за која критичарите ја обвинија неконтролираната владина корупција.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничката прес-конференција со премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, повика на дијалог со студентите, велејќи дека „треба да се намалат тензиите и да се почне со меѓусебни разговори“.

Студентите во минатото одбиваа да се сретнат со Вучиќ, велејќи дека претседателот нема право според Уставот да разговара со нив.

Обвинителството на Србија за случајот со несреќата во Нови Сад подигна обвиненија против 13 лица, вклучително и министер во владата и неколку државни функционери.

Но, поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ е ослободен од притвор, што ги подгреа сомнежите за независноста на истрагата.

Главната железничка станица во Нови Сад беше реновирана двапати во последните години како дел од поширокиот инфраструктурен договор со кинески државни компании.

Од помилување, преку реконструкција на владата, до советодавен референдум за негова поддршка – Вучиќ вети дека сите барања на студентите ќе бидат исполнети

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе