Вести Најважни Свет

Или ќе составиме нова влада, или ќе одиме на избори, техничка влада нема да има, категоричен српскиот претседател Вучиќ

Во наредните 10 дена ќе одлучиме дали ќе составиме нова влада или ќе одиме на избори, порача српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната оставка на премиерот Милош Вучевиќ. Во вечерашното обраќање по вонредната владина седница Вучиќ рече дека Вучевиќ не направил никаква грешка, но како одговорен човек сметал дека треба да поднесе одговорност по инцидентот што се случи синоќа во нови САД каде членови на владејачката СНС тешко повредија девојка.

Сето ова нѐ изненади, ние немаме никакви кандидати. Неверојатно е, синоќа бевме толку многу задоволни со тешката работа која ја завршивме во интерес на граѓаните. Сѐ беше добро до застрашувачки непромисленото извршување на кривичното дело. Необјасниво, посочи српскиот претседател.

Категорично одби формирање на техничка влада. Рече дека нема намера да им подарува власт на некакви форуми или опозициски партии, на неодговорни луѓе затоа што не сака да ја уништи државата. Рече дека наскоро ќе оди во Нови Сад, не поради протестите туку поради сепаратистичката агенда која се спроведува на северот од Србија.

Не ми доаѓа на памет да бегам од некој во сопствената земја. Ако народот сака Република Војводина или некои се преправаат дека не гледаат што се крие под житото, тоа е друга работа. Ние на ова, секако, жестоко ќе се спротивставиме, рече Вучиќ.

За српскиот претседател беше важно да се посочи дека никој не е над законот,  дека политичка одговорност мора да постои, и таа мора да биде објективна, реална и политичарите мораат да покажат дека ја заслужуваат довербата на народот.Потенцираше дека ќе продолжат да инсистираат на дијалог, да разговараат со сите кои не се согласни со нив, не зависно дали сакаат или не.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе