Вести Македонија Топ вести

Свечена Светосавска академија вечерва во Скопје – пораките за единство доминираа, а политичките пораки не изостанаа

Пораките за единство доминираа, а политичките пораки не изостана. Црковниот, политичкиот врв и други бројни гости присуствуваа на Свечената Светосавска академија којашто се одржа вечерва во Скопје, на националниот ден на Србите во Македонија.

Српскиот патријарх и архиепископот Охридски и Македонски дојдоа заедно. Пред присутните во Македонскиот народен театар се обрати само поглаварот на СПЦ, Порфириј.

Според познавачите на црковните состојби, токму посетата на поглаварот од Србија е добра прилика за да се резимира до каде е МПЦ-ОА на патот до целосна и потполна автокефалност во православниот свет, откако СПЦ го даде томосот пред три години.

Доживеавме да се собереме и заедно ние архиереите на двете цркви, а истовремено и една црква, заедно со високите државни претставници на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Република Српска и претставниците на тукашните српски организации, драгите браќа и сестри скопјани и жителите на другите места и градови, да прославиме 850 годишнина од раѓањето на Свети Сава, кажа Порфириј, патријархот на Српската православна црква.

Свое обраќање имаше и Милорад Додик, претседател на Република Српска и српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина. Честиташе празник, а се осврна и на геополитички прашања.

Ја искритикува Европската унија, говореше и против администрацијата на Џо Бајден – поранешниот претседател на САД, земја на чијашто „Црна листа“ се наоѓа Додик од пред неполна деценија.

Врз основа на лаги кои тогаш ги пласираа од администрацијата на Бајден кои траеја цело ова време, тие создадоа еден политички однос кон нас во Република Српска и не сакаат ниту денес да нѐ остават да живееме слободно и да го искажеме својот став. Но, не е проблем тоа што цело време не притискаа, не ни дадоа да се обединиме. Ние ја живееме нашата слобода, кажа Милорад Додик, претседател на Република Српска.

Говорот на Додик од првиот ред го слушаше премиерот Мицкоски, а потоа и тој се обрати. Спомена дека српската заедница во Македонија го збогатува мултикултурното општество во коешто живееме. 

Со Србија делиме исти вредности, вели Мицкоски, посочувајќи дека европските интеграции се наш заеднички стремеж и важен сегмент во заедничките односи.

Заедно се движиме по патот кон Европската унија, со разбирање дека нашите народи заслужуваат стабилност, развој и интеграција во современиот свет, но и сестрано почитување на нашето. Она што сме, што сме биле и што ќе продолжиме да бидеме. Иако некако ние на тој пат поради поедини срамни одлуки на политички елити, како да заборавивме на овие вредности, кажа Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија.

Сите гости, политичари од соседството, но и други високи претставници ги пречека вицепремиерот и министер за односи помеѓу заедниците – Иван Стоиљковиќ.

Им посака топло добредојде и од говорницата, а откри дека постои идеја презентирана од претседателот на Република Српска, Додик, за централната свеченост на празникот Свети Сава да се одржува секоја година во Македонија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе