Вести Македонија Најважни

(видео)Палевски бара изземање на обвинителството, не провериле дали Видевски имал пиштол

Изземање на обвинителството од судењето за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски, побара денеска првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо поради пристрасност и нецелосна и незаконска истрага на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска. Палевски ја обвини Јосифовска дека направила кривично дело во истрагата со тоа што не утврдила дали другите обвинети поседуваат оружје и чаурата од местото каде е убиен Жежовски не ја завела листата на докази. Според Палевски, обвинетиот Боре Видевски имал дозвола за пиштол од марката чешка зборјевка со калибар 9 мм.

„Каде е пиштолот? Каде е збројевката во сопственост на еден од обвинетите? Зошто 421 ден до денес 27 јануари, јавната обвинителка Јосифовска не го расчистила овој факт и зошто чаурата не ја приложила во листа на докази?, рече Палевски. 

Дозвола за оружјето Видевски имал од 1999 година, а информациите одбраната на Палевски ги добила од вработени во МВР.

„Со ова барање предлагам копија од монитор на МВР каде се гледаат податоците кои ги предлагам како доказ. Во МВР се уште постојат правдољубиви луѓе кои го доставија доказите на одбраната“, додаде Палевски. 

Неговиот адвокат Марјан Витановски изјави дека пиштолот на Виедвски е со истиот калибар со кој е извршено убиството на Жежовски и пронајдената чаура. При претресот во домот на Видевски пак не биле утврдени никакви предмети кои се поврзани со случајот.

„Доколку истиот поседува оружје со дозвола, при добивање на дозвола во надлежните служби се врши испукување кое се води во системот и преку тоа испукување доколку го одземале пиштолот од Боре видевски можело да се провери дали пронајдената чаура одговара на тој пиштол или евентуално на било кој приштол некое лице го поседува со дозвола“, рече Витановски.

Витановски смета дека со дејствијата кои ги презема обвинителството се прават обиди за Палевски да се доведе во врска со кривичното дело, а можеби и другите обвинети преговарале за таков исход.

Обвинителката Јосифовска коментираше дека наводите на Палевски се неосновани. На прашањето дали Видевски поседувал оружје, таа рече дека обвинителството ги обезбедило сите докази и сите дејствија се преземени.

„Во поднесеното барање за изземање го искористи моментот да ги изнесе сите свои наводи кои што начелно му одат во поткрепа на неговата одбрана. Обвинителството има преземено доволно дејствија. Наводите му се неосновани. Сите докази се приложени во списите на предметот. Очигледно е дека со презентирањето на видео записите се приближуваме кон делот кога јавноста ќе биде запознаена кои дејствија ги преземал конкретно обвинетиот Љупчо Палевски кој цело време негира дека учествувал во предметните настани“, рече Јосифовска.

Негираше дека имало било какви преговори со адвокатите на другите обвинети и самите тие со цел да се извлече пресуда за Палевски.

„Многу чудно е како тоа обвинетиот Љупчо Палевски ги има запсиниците за испитување од осомничените Велиобор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски во обвинителството, бидејќи тоа се списи кои што се само за обвинителството и не се доставени на увид ниту на одбраната примерок и многу е чудно како дошол до истите и ги презентира во јавноста“, додаде Јосифовска.

На наредното рочиште во понеделник ќе продолжат да се гледаат видео снимки како дел од материјалните докази на обвинителството за случајот. Треба да сведочи и Гоце Трајковски, кој со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски водел паралалена истрага за пронаоѓање на девојчето.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе