Кошарка Спорт

Заврши феноменалната индивидуална серија на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Во еден од најинтересните натпревари одигран синоќа во НБА-лигата, Минесота го победи Денвер со 133-104. Ентони Едвардс постигна 34 поени за Тибервулфс, а Џулиус Рендл имаше 21 поен. Кај Нагетс, кои го запишаа првиот пораз по четири натпревари, Џамал Мареј беше најефикасен со 25 поени, додека Никола Јокиќ имаше 20 поени и 11 асистенции со што ја прекина неверојатната серија од пет трипл-дабл натпревари по ред.

Во првата средба по ланското финале, Далас на домашен паркет загуби од шампионот Бостон со 107-122. Џејсон Тејтум имаше 24 поени, а Дерик Вајт постигна 23, додека кај Маверикс, кои веќе 16 натпревари се без Лука Дончиќ, најефикасеб беше Кајри Ирвинг со 22 поени.

Лос Анџелес лејкерс славеа во Сан Франциско кај Голден Стејт со 108-118. Ентони Дејвис имаше 36 поени со 13 скока, а Леброн Џејмс запиша 25 поени со 12 асистенции кај победничкиот тим. Кај Вориорс, Ендру Вигинс имаше 20 поени, а Стеф Кари запиша само 13 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Сан Антонио – Индијана 98-136
Бруклин – Мајами 97-106
Шарлот – Њу Орлеанс 123-92
Орландо – Детроит 121-113
Атланта – Торонто 94-117
Кливленд – Хјустон 131-135
Њујорк – Сакраменто 143-120
Чикаго – Филаделфија 97-109
Мемфис – Јута 125-103
Феникс – Вашингтон 119-109
ЛА Клиперс – Милвоки 127-117

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Оклахома убедлива на првиот натпревар со Минесота во финалето на Западот (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе