Украинските трупи на источниот фронт бараат повеќе оружје за да го одбијат напредувањето на руските сили во регионот на Доњецк. Велат ситуацијата е тешка а русија акумулира нови сили за продолжување на нападите и окупација на земјата.
Во 26 артилериска бригада која води жестоки борби на линијата на фронтот најмладиот член е стрелец и има само 21 година, а во војната учествува од својата 18та година.
Командантот на бригадата Анатолиј вели дека тие од ништо не се плашат и дека се вистински херои но дека итно им е потребна помош во оружје и муниција за да се справат со ситуацијата на теренот.
Меѓувреме, во Давос, Швајцарија, украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана со лидерите и официјалните лица во обид да побара поголема поддршка за борбата на Украина против Русија додека Трамп полека се сместува во претседателската позиција на САД и најавува можен целосен прекин на снабдувањето со оружје и муниција за Киев.