Вести Свет Топ вести

Обвинет за тешки кривични дела – Франција издаде налог за апсење на Башар ал Асад

Француските истражни судии издадоа налог за апсење на соборениот сириски претседател Башар ал Асад поради сомнежи за учество во воени злосторства, особено за намерни напади врз цивили, изјави извор за „Ројтерс“.

Налогот е издаден на 20 јануари во рамки на истрагата за случајот Салах Абу Набур, француско-сириски државјанин, кој загина на 7 јуни во 2017 година во воздушен напад во Сирија.

Ова е втор налог за апсење на Асад што го издаваат француските судии, по оној во ноември во 2023 година.

Налогот следуваше по француската истрага за хемиски напади во Дума и дистриктот Источна Гута во август во 2013 година во кои загинаа над 1.000 луѓе.

Владата на Асад во минатото ги негираше обвинувањата за употреба на хемиско оружје против своите противници во граѓанската војна која изби во март во 2011 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе