Вести Свет Топ вести

Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

Грчка државјанка службеник во Обединетите нации, надлежна за управување со фондови на организацијата, обвинета е дека за седум години проневерила над еден милион долари, објавија грчките медиуми.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, случајот, што се однесува на периодот од 2014 до 2021 година, стигнал до грчкото обвинителство по извештајот на надлежните органи на ОН, кои првично се обратиле до Европското јавно обвинителство, кое предметот го проследило до Грција, бидејќи присвоените суми не се однесуваат на европските фондови и со тоа предметот не спаѓа во надлежност на европскиот обвинител.

Во обвинението, како што пишува АНА-МПА, наведено е дека вработената, која била на важна позиција, наводно изготвувала извештаи за трошоци со лажни документи, присвојувајќи големи износи, односно над еден милион долари.

Истрагата започнала по случајна проверка, а вработената наводно ги негирала обвинувањата, тврдејќи дека е жртва на нејзините претпоставени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе