Вести Свет

Стармер пристигна во Украина на разговори со Зеленски

Британскиот премиер Кир Стармер денеска пристигна во Украина со ветување дека ќе помогне во обезбедувањето на безбедноста на земјата, неколку дена пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата.

Британската влада објави дека Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе потпишат договор за „стогодишно партнерство“ во Киев, кој ќе вклучува области како што се одбраната, науката, енергијата и трговијата.

Ненајавеното патување на британскиот премиер во Украина е негова прва посета на земјата по доаѓањето на власт во јули минатата година.

Велика Британија, еден од најголемите поддржувачи на Киев, обезбеди воена и цивилна помош во вредност од 12,8 милијарди фунти откако руските сили ја нападнаа Украина пред речиси три години.

Обединетото Кралство учествуваше и во обука на над 50,000 украински војници на британска територија.

Се очекува Стармер да објави и доделување на 40 милиони британски фунти помош за повоената обнова на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе