Кошарка Спорт

Клиперс го декласираа Бруклин со неверојатни 59 поени разлика (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс ја запишаа најубедливата победа во својата историја откако го декласираа Бруклин со 59 поени разлика или 126-67. Најголемото водство во текот на натпреварот на Клиперс беше 64 поени. Нетс беа без четворица важни играчи на натпреварот па го запишаа најубедливиот пораз во својата историја. Каваи Ленард со 23 поени и Џејмс Харден со 21 беа најефикасни во редовите на домашниот тим.

Денвер без Никола Јокиќ во составот загуби на домашен паркет од Хјустон со 108-128. Џејлен Грин со 34 поени и Алперен Шенгун со 20 најмногу се истакнаа кај Рокетс.

Торонто ја прекина неверојатната низа од 10 натпревари по ред во меѓусебните дуели со Бостон и утринава конечно славеше со 110-97. Џејлен Брансон постигна 38 поени во победата на Њујорк на гостувањето кај Филаделфија со 119-125 по едно продолжение.

Лејкерс ја прекинаа низата од три порази и го совладаа Мајами со 117-108, а победа запиша и Голден Стејт со минимални 115-116 во Минесота.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Чикаго – Атланта 94-110
Милвоки – Орландо 122-93
Њу Орлеанс – Далас 119-116
Сан Антонио – Мемфис 115-129
Јута – Шарлот 112-117

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе