Денвер славеше на гостувањето кај Далас со 99-118 во еден од најинтересните натпревари во НБА-лигата утринава. Нагетс беа предводени од Џамал Мареј кој постигна 45 поени од кои дури 32 постигна во првото полувреме. Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл со 10 поени, 14 скока и 10 асистенции. Кај Маверикс, кои и натаму се без Лука Дончиќ, најефикасен беше Даниел Гафорд со 13 поени.
Најдобриот тим во лигата Кливленд ѝ се одмазди на Индијана за поразот на домашен паркет пред два дена и утринава славеше на паркетот на Пејсерс со 117-127. Донован Мичел имаше 35 поени, а Дариус Гарланд постигна 24. Кај Индијана најдобар беше Паскал Сијакам со 23 поени во отсуство на Тајрис Халибартон.
Оклахома славеше на гостувањето кај Филаделфија со 102-118, Милвоки го победи Сакраменто со 130-115 благодарение на трипл-дабл ефектот на Јанис Адетокумбо.
На останатите натпревари:
Аталнта – Феникс 122-117
Чикаго – Њу Орлеанс 113-119
Портланд – Бруклин 114-132