Кошарка Спорт

Четири сали не ја минаа инспекцијата на КФМ

Кошаркарската федерација на Македонија изминатото коло направи инспекција на салите во кои се играат натпреварите од Првата лига и денеска на состанок со клубовите од елитата ги претстави забелешките на комисијата. Четири клубови мора да ги отстранат недостатоците во своите арени до почетокот на 14.коло претстојниот викенд, а осум сали ги задоволуваат критериумите.

Работнички, Вардар, Гостивар и Куманово се клубовите во чии сали инспекцијата пронајде нерегуларности. Во салите „Младост“ во Гостивар и „Перо Наков“ во Куманово проблем се светлосните сигнали за 24 секунди и крај на времето за игра.

Во малата сала во „Кале“, каде домаќин е Вардар, а од почетокот на оваа година и Работнички, Комисијата на КФМ утврдила дека просторот од два метри кај записничката маса е помал за 50 сантиметри.

КФМ ги информирала клубовите дека доколку не ги отстранат недостатоците до почетокот на 14.коло, што е закажано за овој викенд, салите ќе бидат суспендирани и клубовите ќе мораат да бараат ново место за одигрување на натпреварите, односно сали кои ги исполнуваат критериумите од Категорија 1.

Салите на МЗТ Скопје, Тиквеш, Феникс, Кожув, ТФТ, Пелистер, Шкупи и Чаир се според правилата и пропозициите и го имаат статустот на Категорија 1.

Пред почетокот на секој натпревар во Првата лига ќе се мери и температурата во салата, па доколку таа биде под 12 целзиусови степени, натпреварот ќе се одложи за 24 часа и домаќинот ќе мора да обезбеди затоплена сала или во спротивно ќе го загуби натпреварот со службен резултат 20-0 и нема да добие бод, што го добиваат поразените екипи.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе