84 годишниот пензионер Рон Крокер од Малтби во северниот дел на Англија физички се пресметал со крадец двојно помлад од него.
Инцидентот, според британската полиција, се случил на 7 јануари во пералница, каде Крокер дошол за да ги испере своите алишта. 42 годишниот крадец, кој кратко по инцидентот бил уапсен, влегол во пералницата заканувајќи му се на Крокер со зборовите „Дај ми ги сите твои е..ни пари! Дај ми ги или ќе те удрам!“
84 годишниот Крокер, наместо да се исплаши се соочил со крадецот, кој по кратка конфронтација се повлекол и излегол од пералницата. Но, кратко потоа повторно се вратил упатувајќи се кон Крокер, кој со фармерките кои во моментот ги држел во рацете замавнал со нив кон него и успеал по втор пат да се одбрани и да го избрка.
За британските медиуми, Крокер подоцна изјавил дека бил потресен од инцидентот, но немал физички повреди освен неколку модринки по рацете.