Германски суд му забрани на ланецот супермаркети „Алди“ да продава Дубаи чоколадо, наведувајќи дека популарното чоколадо може да се нарекува со тоа име само ако е всушност произведено во Обединетите Арапски Емирати.
Судот во Келн одлучил познатиот германски супермаркет „Алди“ повеќе да не може да продава „Alyan Dubai Handmade Chocolate“ бидејќи тој производ всушност се произведува во Турција.
Синџирот супермаркети тврдеше дека тоа е јасно наведено на задната страна на етикетата, но судот заклучи дека името на производот може да ги наведе клиентите „дека производот всушност е произведен во Дубаи и увезен во Германија“.
Имено, тужбата ја покрена германскиот увозник на слатки Андреас Вилмерс, кој продава Дубаи чоколадо „Фикс“ во Дубаи. Во декември, Вилмерс поднесе слични тужби против „Лидл“ и швајцарскиот производител на чоколади „Линдт“, но судењето сè уште е во тек.
„Лидл„ тврдеше дека терминот „Дубаи чоколадо“ се однесува само на еден вид чоколада со кремасти ф’стаци и фил „кадаиф“, а не на чоколадо што доаѓа од Дубаи. Здружението на германската кондиторска индустрија (BDSI) исто така тврдеше дека „Дубаи чоколадо“ може да се произведува насекаде во светот.
Судот во Келн не се согласува, но „Алди“ сепак има право на жалба.