Вести Македонија Најважни

Вработените во јавната администрација денеска на протест, бараат 30 отсто додаток на плата

Шест министерства и две државни институции денеска почнуваат со најавените протести поради непотпишувањето на новите Колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.

Вработените ќе протестираат по половина час, а локацијата ќе се менува секој ден.

Според најавите од УПОЗ во петок протестот ќе се одржи пред министерството за финансии.

Велат дека вработените во овие министерствата, се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Од минатата недела пак вработените во Државното правобранителство се во штрајк, а причината е иста – Колективен договор и 30 отсто додаток на плата.

Раководството на УПОЗ до сега имало неколку контакти со државниот правобранител но засега нема решение.

Од министерството за финансии соопштија дека во Буџетот за 2025 година се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработени согласно претходно потпишани колективни договори.

Но, од УПОЗ велат дека барањето за мислење од финансии за новите колективни договори со кој е предвидено зголемувањето на  додатокот на плата го поднеле пред да се изготви Буџетот за годинава, а одговор добиле откако државната каса била затворена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе