Вести Свет

Примирје меѓу Израел и Хамас безброј пати беа во финална фаза, но никогаш не ја поминаа целната линија

Преговорите за примирје меѓу Израел и Хамас од почетокот на војната во Газа пред речиси година и половина до сега, безброј пати беа во финална фаза, но никогаш не ја поминаа целната линија. Сепак, овој пат оптимизмот кај сите страни кои учествуваат во преговорите во Доха, се чини пореален.

Претставник на Хамас за БиБиСи потврди дека веќе се разговара за технички детали, за кои е потребно многу време, додека пак од израелската влада за британскиот јавен сервис изјавиле дека за прв пат од ноември 2023-та, Хамас вистински преговара.

Основа на спогодбата за која се преговара е предлогот на американскиот претседател Џо Бајден од мај минатата година, но, помеѓу факторите кои придонесоа процесот да стигне во оваа фаза, освен десеткувањето на сојузниците на Хамас, Хезболах и Иран, како и разорувањето на Појасот Газа, е и изборот на Доналд Трамп за наследник на Бајден.

Претставници на преговорите во Доха имаат и двете администрации, и поради тоа, и двете си припишаа заслуги за напредокот во преговорите, но и покрај сите позитивни фактори, конечниот договор сè уште треба да биде постигнат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе