Вести Македонија Топ вести

Инспекција во ИЈЗ по пријава дека вработени не полагале испит за административни службеници

Државниот управен инспекторат спроведува инспекциски надзор во Институтот за јавно здравје откако била поднесена анонимна пријава дека вработени во одделот за администрација не полагале испит за административен службеник.

Ова за Телма го потврдија од ИЈЗ, од каде што велат,  пред извесно време добиле писмо од инспекторатот во кое побарале да им достават информации за сите вработени.

Ние ги доставивме бараните информации и потоа од инспекторатот одлучија дека треба дополнително да постапат по добиената пријава и во моментов работат на истражување на случајот. Пред изготвување на записникот на инспекторатот не можеме да тврдиме со сигурност, но, и во ИЈЗ стигна пријава да посветиме внимание на фактот дека вработените административци немале полагано испит. Она што ние го видовме, иако не можеме да судиме пред изготвување на записникот на инспекторатот е дека тоа навистина се случувало, велат од ИЈЗ за Телма.

Оттаму додаваат дека откако ќе го добијат записникот ќе постапат согласно законот и ќе ја известат јавноста дали навистина се случила повреда на законот со што тие вработени ќе бидат ставени во подредена позиција.

Последните години сите огласи што биле за вработувања, од она што го видовме ние е дека никој не полагал за административен службеник, а добивале шифри за да ја извршуваат таа работа, додаваат од ИЈЗ.

Пријавата се однесувала на сите административни службеници. Во секторот има околу 20-25 вакви службеници.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне наместа нестабилно – Временска прогноза за 22.4.2025

Дејан Дејан

Почина Папата Франциск на 88-годишна возраст

Дејан Дејан

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе