Вести Македонија

ЗНАМ: Со усвоената интерпелација, Даути е разрешена, опозицијата да предложи друг кандидат за претседател на Комисијата

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија соопшти дека Илире Даути е разрешена со интерпелацијата и дека таа повеќе не може да ја извршува функцијата претседател на Комисијата за  социјална политика, демографија и млади во Собранието.

-Сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието, на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок, наведува ЗНАМ во допис до медиумите.

Според Движењето ЗНАМ, коалициски партнер во Владата, „со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“.

-Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција, соопшти  ЗНАМ.

Со 61 глас „за“ вчера попладне беше прифатена интерпелацијата за работата на Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица. По изгласувањето на интерпелацијата за Даути, Кабинетот на Претседателот на Собранието прати  соопштение во кое наведе дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.

Како што посочија од Кабинетот, именувањата и разрешувањата „се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе