Вести Најважни Свет

Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн

Сојузниците на Украина и претседателот Володимир Зеленски денеска ќе имаат средба во американската воена воздухопловна база Рамштајн во Германија за да разговараат за континуираната поддршка за Киев во војната со Русија.

Рамштајн е најголемата воздухопловна база надвор од СAД и беше домаќин на слични состаноци откако Русија ја нападна Украина пред речиси три години.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги покани на конференцијата министрите за одбрана и високите воени лидери од земјите-членки на Контакт групата Украина.

Како и на претходните состаноци во Рамштајн, се очекуваат и претставници од земји што не се членки на НАТО пактот.

Русија води војна против соседна Украина од 24 февруари 2022 година.

Западот го поддржува Киев во неговата одбрана.

Украинските власти стравуваат дека американската поддршка за Украина може да се намали откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе