Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба која ги проширува условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.
Наредбата ги вклучува не само политичките лидери и функционери, туку и нивните сопрузи и возрасни деца.
Во измените се додаваат амандмани на извршната наредба од 2021 година, кои се однесуваат на лица или ентитети кои се вклучени во активности што ја загрозуваат безбедноста и мирот на регионот, како и оние кои работат против клучни договори како Преспанскиот и Охридскиот договор.
Санкциите ќе се однесуваат и на лица вклучени во корупција, политички поткуп и крадење на јавни средства.